Македонија се вклучува во гасоводот „Јужен поток“

Bez autora
Jun 19 2010

Руската енергетска компанија „Газпром“ се согласи да ја вклучи Македонија во проектот за гасоводот „Јужен поток“. Тоа отвора можност за добивање евтини енергенси, а ќе значи енергетска стабилност на земјата. Освен за приклучувањето на Македонија во „Јужен поток“, Иванов и Медведев разговарале и за други прашања од областа на енергетиката. Шефот на македонската држава, кој во Санкт Петербург учествува на 14. меѓународен економски форум, завчера имаше средби и со генералните директори на „Газпром и на „Лукоил“, Алексеј Милер и Валериј Грајфер. Главна тема на средбата со првиот човек на „Газпром“, на која присуствуваше и вицепремиерот Зоран Ставрески, беше вклучувањето на Македонија во гасоводот „Јужен поток“, со можност за изградба на негов крак низ македонска територија. На средбата е заклучено дека претстојното потпишување на спогодбата за порамнување на клириншкиот долг меѓу Русија и Македонија ќе создаде услови за учество на „Газпром“ во изградбата на македонската гасоводна мрежа, за што двете страни на средбата искажаа целосна подготвеност за соработка.

Македонија се вклучува во гасоводот „Јужен поток“Руската енергетска компанија „Газпром“ се согласи да ја вклучи Македонија во проектот за гасоводот „Јужен поток“, изјави вчера македонскиот претседател Ѓорге Иванов по средбата со претседателот на Русија, Дмитриј Медведев.

- Тоа отвора можност за добивање евтини енергенси, а ќе значи енергетска стабилност на земјата - изјави Иванов.

Освен за приклучувањето на Македонија во „Јужен поток“, Иванов и Медведев разговарале и за други прашања од областа на енергетиката.

Шефот на македонската држава, кој во Санкт Петербург учествува на 14. меѓународен економски форум, завчера имаше средби и со генералните директори на „Газпром и на „Лукоил“, Алексеј Милер и Валериј Грајфер.

Главна тема на средбата со првиот човек на „Газпром“, на која присуствуваше и вицепремиерот Зоран Ставрески, беше вклучувањето на Македонија во гасоводот „Јужен поток“, со можност за изградба на негов крак низ македонска територија.

На средбата е заклучено дека претстојното потпишување на спогодбата за порамнување на клириншкиот долг меѓу Русија и Македонија ќе создаде услови за учество на „Газпром“ во изградбата на македонската гасоводна мрежа, за што двете страни на средбата искажаа целосна подготвеност за соработка.

На средбата е разговарано и за можноста за партнерство меѓу рускиот енергетски гигант и Македонија во изградба на гасни електроцентрали, за што е договорено експертски тимови на „Газпром“ и македонската Влада веднаш да почнат да работат на усогласување на техничките работи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik